Тедрос: Поради пандемијата зголемен бројот на деца кои страдаат од неухранетост

Од:

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус изјави денеска дека уште 10.000 деца месечно може да починат од неухранетост оваа година како резултат на влијанието на пандемијата на Ковид-19.

Говорејќи на Конференцијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО), Тедрос рече дека оваа година очекува пораст од 14 проценти на децата кои страдаат од неухранетост како резултат на пандемијата.

Тоа е околу 6,7 милиони неухранети деца, претежно во субсахарска Африка и Јужна Азија.

„Пандемијата предизвика сериозни нарушувања на основните услуги, имунизацијата, мајчинските услуги, исхраната на децата, планирање на семејството и многу повеќе “, рече Тедрос.

Тој истакна дека „не можеме да прифатиме свет во кој богатите имаат пристап до здрава исхрана, додека сиромашните се запоставени“. 

Би можело да ве интересира

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник