Тед Круз за изборите во САД: Секој законски глас треба да се брои, секој нелегален глас не

Од:

Американскиот сенатор од Републиканската партија Тед Круз коментирајќи ја состојбата околу изборите во САД за националната телевизија „Фокс њуз“ рече дека „секое законско гласачко ливче мора да се изброи, но секое незаконско мора да се отстрани“.

Тој пред јавноста постави прашање дали Америка ќе го следи законот?

„Начинот на кој работи системот е да се следи законот. Постојат повеќе тужби што чекаат во неколку држави. Вистински стандард е секој законски глас да се брои, но секој глас што беше додаден нелегално не треба да биде прифатен“, рече Тед Круз.

„Ги гледате сите овие различни обвинувања, најдобар начин за да бидеме сигурни каков е реалниот исхот на изборните резултати е да се помине преку правен процес. Во моментов, адвокатите од кампањата на Трамп се должни да одат на суд и да го изнесат својот случај. Кога процесот ќе заврши, ќе го знаеме резултатот “, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Де Сантис ја објави својата кандидатура, ривал му е Трамп за иден претседателски кандидат

Горан Наумовски

Драма во САД: Ситуацијата тесна во Сенатот, изедначени демократите и републиканците

А1он

Зеленски им порача на Американците пред изборите: Чувајте го непоколебливо единство

А1он

Отворени првите гласачки места на конгресните избори во САД

А1он

Во Џорџија отворена истрага за телефонски притисок од Трамп за пресврт во изборниот резултат

Ана Ололовска

Мајкрософт ги замрзнува спонзорствата за политичари кои ги оспоруваа резултатите од изборите во САД

Ана Ололовска