Таткото на удавените деца раскажа што се случило: Се што сакам е да легнам до нив

Од:

Татко на три-годишното дете чија фотографија како лежи мртво на плажата во Бодрум го обиколи светот, вели дека единствено што посакува сега е да “лежи со своите деца во гроб“.

Screenshot_2

Абдула Курди, кој во морето ги изгуби уште едниот син го опишал моментот кога сфатил дека неговото семејство се удавило во водата, пренесува Sky News.

Тој рече дека бил принуден да ја преземе контролата на чамецот откако капетанот во паника скокна во морето кога имало премногу високи бранови.

Screenshot_3

„Влеговме во морето и за четири минути капетанот забележа дека брановите беа многу високи и како што се обидуваше да го управуваа чамецот и да ја преземе контролата, бевме погодени од силен бран. Тој во паника се фрли во морето и избега, рече тој.

„Јас го презедов управувањето на чамецот, но брановите беа толку високи што потона веднаш.

„Ги зедов мојата сопруга и моите деца во моите раце и сфатив дека се мртви”, рече тој.

1441262201_6_559x-

„Моите деца беа најубавите децата во светот. Прекрасни. Тие ме будеа секое утро да си играм со нив и сега, ги немам и двете. Сега се што сакам е да лежам во гроб во близина на мојата сопруга и децата.”

Фотографијата на три-годишен Ајлан Курди го истакна во прв план прашањето за тоа како очајните мигранти ги ризикуваат своите животи за да се обидат да стигнат до Европа.Овој татко и неговото семејство беа меѓу стотиците илјади луѓе кои се обидуваат да стигнат до Европа за подобар живот, сите тие бегаат пред налетот на војната.

1441261379_7_559x-

Курди објасни дека чамецот бил преполн, на него се наоѓале 13 луѓе. Тој со двете деца и неговата сопруга сакале да стигнат до Канада и да се пријават со статус на бегалци.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море