Таткото на осомничените за нападите во Бостон неделава ќе замине за САД

Од:

Таткото на двајцата браќа осомничени за нападите во Бостон, изјави дека неделава ќе замине од Русија за САД, во потрага во правдата и вистината.

Анзор Царнаев нагласи дека има многу прашања за полицијата и дека сака да се расчистат многу нешта.

Во интервју, направено во неделата, Царнаев изјави дека планира за неколку дена да замине за САД, но мајката на осомничените изјави дека таткото ќе пристигне во САД во среда. Таа нагласи дека семејството ќе се обиде да го врати телото на поголемиот син во Русија.

Тамарлан Царнаев (26) беше убиен во престрелка со полицијата. Неговиот помал брат, деветнаесетгодишниот Џохар, подоцна беше фатен жив, но тешко повреден.

Би можело да ве интересира

Масовно пукање на фестивал во Бостон: Најмалку седум лица се ранети

ВИДЕО: Во куќа во Бостон пронајдени тела на четири новороденчиња, едното било во замрзнувач

Катерина Ѓуровски

Леброн Џејмс може да игра в петок против Бостон

А1он

Клиперс поведе против Денвер со 2-1, Бостон на победа од финалето на Истокот

А1он

Трамп: Смешна е одлуката за укинување на смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он

Укината смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он