Хаим Нисим Коен, самохран татко од Хјустон кој промовирал посвојување и религија на интернет, всушност секојдневно ги злоставувал и силувал своите девет посвоени синови.
Покрај тоа, 38-годишникот бил обвинет и за лажирање тешки болести, пишува Дневник.хр.
Информацијата стана јавна преку подкаст, кога еден од синовите се јави анонимно и ја раскажа својата приказна. Како што тврди, од својата 11-та година речиси секој ден бил силуван. Тој го направи сето тоа преку таен телефон за Коен да не забележи.
Водителот на подкастот подоцна повикал полиција, која успеала да открие од каде дошол повикот. Кога полицијата дошла на терен, момчето негирало дека некому му се јавило, но откако била пуштена снимката од телефонот, гледал во подот и се тресел од страв. Тој на крајот призна дека го пријавил Коен.
Посвоените момчиња изјавиле дека нивниот татко поголем дел од денот ги држел во нивната соба, а кога излегле надвор ги терал на блудни дела. Ако одбијат, ќе ги прскал со солзавец.
Адвокатката за злосторства против децата Јана Освалд верува дека Коен ја користел религијата за да ги прикрие злосторствата што ги извршил.
Коен и е познат на полицијата од порано кога во 2019 година студент на размена од Шпанија кој престојувал кај него го обвини за сексуално вознемирување.