Убиени таткото и двајца браќа на главниот осомничен за нападите во Шри Ланка

Од:

Татко и двајцата браќа за кои се верува дека стојат зад нападите во Шри Ланка беа убиени кога безбедносните сили се инфилтрираа во нивното засолниште.

Зајн и Рилван Хашим и нивниот татко Мухамед, кои повикауваа на војна против неверниците, се меѓу 15 загинати во жесток оган со армијата во петокот.

тројцата мажи активирале експлозив при што убиле три жени и шест деца.

Подоцна беше објавено дека една жена и едно момче ја преживеале експлозијата. Агенцијата јавува дека во моментов се наоѓаат во критична состојба во болница.

Напаѓачот, Захран Хашим, се верува дека е “мозокот” на бомбашките напади врз црквата кога беа убиени повеќе од 250 луѓе.

Властите ги пребараа локациите на напаѓачите и најдоа оружје, материјали за правење бомби и знаме на Исламската држава.

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот и рече дека Хашим и неговата исламска група НТЈ се заколнале на лојалност.

Би можело да ве интересира

Мајмун ја остави цела Шри Ланка без струја

А1он

Милион и половина евра од ЕУ за хуманитарни цели во Шри Ланка

Ана Ололовска

Побегнатиот поранешен претседател на Шри Ланка, Раџапакса се врати во татковината

Ана Ололовска

Владата на Шри Ланка бара ограничување на ингеренциите на претседателот

А1он

Протест против владината репресија на Шри Ланка

Парламентот на Шри Ланка изгласа продолжување на вонредната состојба