Тасним: Повеќе хиперсонични ракети употребени во најжестокиот напад на Иран врз Израел

Од:

Во најинтензивниот напад на Иран врз Израел денеска беа употребени повеќе хиперсонични балистички ракети, нанесувајќи ги досега најголемите загуби на израелска страна, објави иранската новинска агенција Тасним.

Агенцијата соопшти дека Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) рано утрово лансирал неколку балистички ракети кои погодиле цели во Тел Авив, Хаифа и други централни и северни израелски градови, насочени кон израелски електрани и рафинерии за нафта.

Нападите беа извршени како одговор на израелските напади врз Иран во кои од 13 јуни загинаа десетици Иранци, вклучувајќи воени функционери, нуклеарни научници и цивили.

ИРГЦ употреби хиперсонични балистички ракети „Фатах“ за да го нападне Израел утрово, а овие ракети со голема брзина лесно можат да ги совладаат израелските системи за воздушна одбрана, соопшти иранската агенција.

Се истакнува дека боевата глава на ракетата „Фатах“ има сферичен мотор со цврсто гориво со подвижна млазница што ѝ овозможува на ракетата да се движи во сите правци и може да маневрира под и над атмосферата на Земјата.

Би можело да ве интересира

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната

Иран отвори прв воен камп за обука на жени

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна

Bloomberg: Иран произведува 50 балистички ракети месечно

Иран ги обвинува САД за поттикнување шпионажа: Награда од 20 милиони долари ги става нуклеарните постројки во опасност