Танкерот „Об Ривер“ прв брод кој плови преку Арктикот

Од:

Голем танкер за превоз на течен природен гас е првиот брод од тој тип кој плови преку Арктикот „благодарение“ на последиците од климатските промени.

Танкерот Об Ривер исплови од Норвешка во овој месец и моментно плови покрај северниот брег на Русија на пат кон Јапонија каде ќе стигне во почетокот на декември и така ќе заштеди 20 дена пат во однос на вообичаената рута.

Сопствениците на бродот велат дека транспортот преку Арктикот е исплатлив поради климатските промени и моментната ситуација на пазарот на гас, јави Би-Би-Си.

Танкерот Об Ривер е направен во 2007 година и има зајакнат труп. Бродот може да носи до 150.000 кубни метри гас. Од Норвешка исплови на 7 ноември и се упати преку Баренцовото Море. За време на поголем дел од пловидбата ќе го следи руски мразокршач на нуклеарен погон.

Бродот со екипаж од 40 членови го закупи руски Гаспром од сопственик од Грција, компанијата Дајнагас.  Танкерот се подготвувал за тоа патување повеќе од една година.

– Ова е исклучително интересна авантура. Луѓето од бродот може да видат поларни мечки. Долго ова го планиравме и се мина добро, вели Тони Лауритзен комерциајлен директор на Дајнагас.

Тој додава дека клучен фактор за одлука да се искористи северниот поморски пат се неодамнешни научни извештаи за рекордно топење на мразот на Арктикот. Тоа го намалува патувањето на бродот за 40 отсто како и количината на потрошено гориво.

Втора причина е појавата на американски гас од шкрилци на пазарите што ја намали потребата за увоз на гас во таа држава.

Истовремено, по катастрофата во Фукушима, во Јапонија се зголеми интересирањето за алтернативни извори на енергија, одобено гас.

Ескпери наведуваат дека по климатските промени, поморскиот сообраќај по северните делови набрзо ќе биде интензивиран. Оваа година беше рекордна во поглед на должината на поморската сезона како и по количината на пренесен товар, тврди Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска