Танкер што пловел под знаме на Белизе запрен е од крајбрежната стража во западна Либија и е спроведен до пристаништето во Триполи, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Петмина од екипажот на танкерот се руски државјани.
Танкерот бил сопрен во вторникот.
Руската амбасада, што привремено е сместена во Тунис, се обидува да ги разјасни околностите поради кои дошло до инцидентот.