Танкер, товарен со 900.000 литри дизел гориво, е заробен и плови по индонезиските територијални води, соопштија малезиските власти.
Малезиската агенција за морепловство соопшти дека танкерот „Виер Хармони“ е заробен на водите покрај индонезискиот остров Батам.
Се уште не е познато кој го извршил делото.
Вредноста на товарот се проценува на околу 400.000 долари.