Тами Болдвин прва сенаторка лезбејка во САД

Од:

Тами Болдвин ќе остане запаметена како првата сенаторка која јавно призна за својата хомосексуалност. Демократката Болдвин во американскиот Сенат ќе ја претставува сојузната држава Висконскин.

“Не се кандидирав за да влезам во историјата. Се кандидирав за да променам нешто, да донесам промена во животите на семејствата кои се борат да најдат работа и да ги платат сметките”, изјави Болдвин во својот победнички говор, пренесе Ројтерс.

Во трката за место во Сенатот покрај неа беше и преставникот на Републиканската партија, Томи Томпсон, кој изгуби од Болдвин. Покрај Винсконсин, деморкатите издвојуваа победа и во Индијана и Масачусетс.

Овогодишните избори во САД беа оценети како едни од најскапите, па така и кампањата за влез во Сенатот на преставници од Винсконсин е една од најпрофитабилните. И двајцата кандидати собраа по околу 65 милиони долари

Иако историски е од голема важност, сексуалната ориентација на 50-годишната сенаторка не беше главна точка во текот на нејзината кампања. Болдвин е член на Конгресот на САД во 1998, а од вчера е и сенаторка од Винсконсин.

“Победата на Тами Болдвин покажува она што повеќето Американци веќе го знаат: кандидатите треба да се проценуваат според нивните квалификации за работата а не според нивната сексуална ориентација”, изјави претседателот на здружението за истополни заедници Хамдон Градил.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас