Талибанците зазедоа воени бази во авганистанскиот град Сар-е-Пул

Од:

Талибанските милитанти ја презедоа контролата врз неколку воени бази и полициски контролни пунктови во северниот град Сар-е-Пул, главен град на истоимената провинција, пренесува ДПА..

– Најмалку 17 војници загинаа во нападите, што започнаа веднаш по полноќ, изјави членот на Советот на провинцијата Асиф Садиќи.

– Милитантите ги изведоа нападите од најмалку три различни насоки и ја зазедоа стратешката област во центарот на градот, позната како село Балхали, појасни Садиќи.

– Талибанците зедоа за залоќници голем број од припадниците на безбедносните служби, додека други побегнаа во други бази во центарот на градот, изјави друг на Советот на провинцијата Реза Алимзада.

– Авганистанските сили спроведоа серија воздушни операции насочени против талибанските позиции, а спорадични борби се уште се одвиваат, наведе Садиќи.

Тој дополни дека во симултан напад на полициски контролен пункт во провинцијата Сајад, на само два километри од градот, загинаа две лица, а едно е повредено.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан