Талибанците во Авганистан забранија одгледување на афион

Од:

Талибанците во Авганистан денеска забранија одгледување на афион и други растенија од кои се добиваат наркотици.

– Согласно указот на врховниот водач на Исламскиот емират Авганистан, сите Авганистанци се информирани дека отсега одгледувањето афион е строго забрането во целата земја, се наведува во наредбата на врховниот лидер на талибанците Хаибатула Акунаџада.

За прекршителите предвидена е постапка во согласност со шеријатските закони, а родот ќе биде уништен.

Исто така се забранува и употреба или транспорт на други наркотици.

Контролата на наркотиците во Авганистан е едно од главните барања на меѓународната заедница.

Обединети нации соопштија дека во изминатите месеци е зголемено производството на опиум во Авганистан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авганистанките излегоа на протест, талибанците ги растераа со водени топови

Катерина Ѓуровски

Талибанците им забранија на жените да работат во невладини организации

Талибанците им забранија на жените да посетуваат универзитети

Талибанците им забранија на Авганистанките да одат во забавни паркови

ОН ги повикуваат талибанците да ги ослободат приведените активисти за правата на жените

Една година подоцна, ЕУ ги критикува Талибанците за злоставување на авганистански жени и девојчиња