Талибанците протераа илјадници луѓе од нивните домови

Од:

Талибанците протераа илјадници луѓе од нивните домови и од земјишни поседи на северот и југот на Авганистан, што е колективна казна, незаконска според меѓународното право, предупреди денеска Хјуман рајтс воч.

Цел биле членови на шиитската заедница Хазар, како и луѓе поврзани со поранешната авганистанска влада, објави британскиот весник „Гардијан“.

Земјиштето и куќите запленети на овој начин честопати им се даваа на талибанските поддржувачи, наведе ХРВ. Присилните иселувања евидентирани од Хјуман рајтс воч се случија во пет провинции, вклучувајќи ги Кандахар, Хелманд и Урузган на југ, Даикундиа во центарот и Балк на север.

На многу луѓе им е наредено да ги напуштат своите домови и фарми за само неколку дена и без никаква можност да докажат дека се законски сопственици. На некои, наводно, им било кажано дека доколку не ги почитуваат наредбите за заминување, немаат право да се жалат на последиците, се вели во извештајот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авганистанките излегоа на протест, талибанците ги растераа со водени топови

Катерина Ѓуровски

Талибанците им забранија на жените да работат во невладини организации

Талибанците им забранија на жените да посетуваат универзитети

Талибанците им забранија на Авганистанките да одат во забавни паркови

ОН ги повикуваат талибанците да ги ослободат приведените активисти за правата на жените

Една година подоцна, ЕУ ги критикува Талибанците за злоставување на авганистански жени и девојчиња