Талибанците повторно побара од САД одмрзнување на авганистанските средства

Од:

По дводневните разговори во Доха на кои присуствуваа талибанскиот министер за надворешни работи Амир Кан Мутаки и специјалниот претставник на САД за Авганистан, Том Вест, талибанците повторно побараа од САД да ослободат милијарди долари замрзнати средства, додека Авганистан е зависен од помошта се бори со економската криза.

Авганистанците повикаа и на прекин на црните листи и на санкциите, како и човековите права да се одвојат од политичките.

Тоа беше втор круг разговори меѓу двете страни во Катар откако САД ја завршија својата 20-годишна окупација на Авганистан и тврдокорните исламисти брзо се вратија на власт.

– Двете делегации разговараа за политички, економски, човечки, здравствени, образовни и безбедносни прашања, како и обезбедување на потребните банкарски и парични средства, напиша на Твитер портпаролот на авганистанското Министерство за надворешни работи, Абдул Кахар Балки.

Вашингтон замрзна речиси 9,5 милијарди долари имот на авганистанската Централна банка. Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, исто така, ги прекинаа активностите во Авганистан, ја укинаа помошта, вклучително и 340 милÐ �они американски долари во новите резерви издадени од ММФ во август.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авганистанките излегоа на протест, талибанците ги растераа со водени топови

Катерина Ѓуровски

Талибанците им забранија на жените да работат во невладини организации

Талибанците им забранија на жените да посетуваат универзитети

Талибанците им забранија на Авганистанките да одат во забавни паркови

ОН ги повикуваат талибанците да ги ослободат приведените активисти за правата на жените

Една година подоцна, ЕУ ги критикува Талибанците за злоставување на авганистански жени и девојчиња