Талибанците им наредија на министерствата да воведат задолжителен хиџаб за жените

Од:

Талибанската религиозна полиција им наложи на министерствата и другите владини тела во Авганистан да обезбедат сите вработени жени да носат хиџаб, да ги избрка оние кои не носат и да ги спречи жените без покривање на главата да влезат во владини објекти, јави ДПА.

Германската агенција го цитира Садик Акиф Мухаџир, портпаролот на Министерството за ширење на доблест и спречување на пороците, кој наведе дека ова упатство досега им е предадено на осум владини тела.

Покрај тоа, владините канцеларии добиле инструкции дека вработените мажи и жени мора да имаат засебни работни простории и дека вработените мажи мора да се молат додека се на работа.

Упатството налага да се забранува вработување малолетници и мажи без брада.

Веста доаѓа откако Министерството им нареди на таксистите да не земаат жени кои не носат хиџаб или не се придружувани од близок машки роднина, пренесе ДПА.

Минатиот месец, талибанската религиска полиција преку плакати на излозите и билборди побара жените да се покријат. Постерите покажуваа хиџаб и бурка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан