Талибанците го повикаа Бајден да ги повлече американските сили од Авганистан

Од:

Талибанците во Авганистан денеска го повикаа новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, да се придржува до договорот со нив и да ги повлече американските трупи од Авганистан.

Според претходниот договор САД почнаа со повлекување на своите трупи и се треба да биде завршено до мај, додека во меѓувреме талибанците ќе треба одржат мировни преговори со официјален Авганистан во Доха.

„Сакаме да им кажеме на новоизбраниот претседател на САД и на неговата администрација дека најразумен и најдобар начин да се стави крај на конфликтите е исполнување на договорот што го постигнавме“, соопшти милитантната група, за првпат коментирајќи ги изборите во САД.

Би можело да ве интересира

Трамп: Расипаниот Бајден не доведе во вистински хаос со Русија

(ВИДЕО) Зеленски земаше пари од Бајден како бонбони од дете, вели Трамп

Трамп ја укина наредбата на Бајден за извештаите за употреба на американско оружје

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Нападната база во Кабул: Има мртви

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев