Талибанците го отфрлија предлогот на Ашраф Гани за нови избори

Од:

Талибанците го отфрлија предлогот на авганистанскиот претседател Ашраф Гани за одржување избори подоцна оваа година по повеќемесечни мировни преговори меѓу двете завојувани страни, кои досега постигнаа мал напредок.

Гани ќе го објави својот план за избори на конференција во Турција следната недела, велат двајца владини претставници.

Ваквиот потег е веројатно обид да се поткопа американскиот предлог, поддржан од Русија, за формирање привремена влада со вклучување на талибанците по повлекувањето на американските војници.

– Владата ќе замине во Турција со план за предвремени избори. Ова е непристрасен план за иднината на Авганистан, изјави висок официјален претставник. Сепак, талибанците веднаш го отфрлија предлогот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авганистанките излегоа на протест, талибанците ги растераа со водени топови

Катерина Ѓуровски

Талибанците им забранија на жените да работат во невладини организации

Талибанците им забранија на жените да посетуваат универзитети

Талибанците им забранија на Авганистанките да одат во забавни паркови

ОН ги повикуваат талибанците да ги ослободат приведените активисти за правата на жените

Една година подоцна, ЕУ ги критикува Талибанците за злоставување на авганистански жени и девојчиња