Талибанците го објавија почетокот на пролетната офанзива во Авганистан

Од:

Талибанците го објави денеска почетокот на пролетната офанзива во Авганистан, се наведува во соопштението, кое тие го доставија до медиумите.

Офанзивата е насочена претежно против странски војници и дипломати.

Исламистичкото движење изрази одлучност да го продолжи џихадот, а пролетната офанзива која оваа година е наречена „Азм“ (Стабилност) ќе почне в петок.

Судирите во Авганистан, особено во планинскиот регион на границата со Пакистан, традиционално се интензивираат на почетокот на пролетта и по топењето на снеговите.

Авганистанските сили за безбедност оваа година ќе мораат првпат сами да се борат против талибанците, по завршувањето на меѓународната операција, под команда на НАТО.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан