Талибанците ги почнаа разговорите со западните дипломати во Осло за хуманитарната криза во Авганистан

Од:

Талибанските лидери денеска во Осло ги почнаа разговорите со западните дипломати за тешката хуманитарна криза во Авганистан. Дипломатите го условуваат продолжувањето на дијалогот со почитување на човековите права.

Делегацијата на авганистанските талибанци, предводена од министерот за надворешни работи, Амир Кан Мутаки, во Осло се сретна со претставници од САД, Франција, Велика Британија, Германија, Италија, Европската Унија и Норвешка.

Во центарот на разговорите е лошата хуманитарна ситуација во Авганистан, земјата што е лишена од меѓународна помош и погодена од долготрајна суша, а во која гладта ​​му се заканува на повеќе од половина од населението.

„Во обидот да ја решиме хуманитарната криза (..), ние ја продолжуваме острата дипломатија со талибанците во постојаната тенденција Авганистан да биде стабилен, правата да се почитуваат и сите класи да бидат вклучени во власта“, напиша вчера на Твитер американскиот пратеник во Авганистан, Томас Вест.

Талибанците се надеваат дека разговорите ќе им помогнат во нивните напори да ја натераат меѓународната заедница да ја признае нивната влада.

Ниту една влада сè уште не го признала режимот на фундаменталистичките талибанци, кои беа соборени од САД во 2001 година, но се вратија на власт во август 2021 година, откако со молскавична офанзива ја освоија целата земја.

Западните лидери велат дека заради хуманитарната криза „мора да преговараат со властите, кои де факто ја водат земјата“.

Бројни експерти и припадници на авганистанската дијаспора го критикуваа повикот за преговори со талибанците, а се одржаа и неколку протести пред Министерството за надворешни работи во Осло.

Во Кабул, Вахида Амири, активистка која редовно протестира откако талибанците се вратија на власт во земјата, денеска изрази „жалење што земја како Норвешка го организира овој самит, седи на маса со терористите и склучува договори со нив“.

Две феминистички активистки минатата недела исчезнаа во Кабул, каде што учествуваа на протест, а талибанците негираат каква било одговорност.

Портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид, вчера на Твитер напиша дека „разбирањето и соработката се единственото решение за проблемите на Авганистан“.

Меѓу 15-те членови на делегацијата, составена исклучиво од мажи, е и поранешниот воен водач Анас Хакани, а неговото присуство во Осло беше особено критикувано.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан