Талибанците ги отфрлија тврдењата на ОН дека се убиени повеќе од 100 поранешни владини функционери

Од:

Портпаролот на авганистанското владејачко радикално движење „Талибан“, Забихула Муџахид, ги отфрли наводите на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, дека Талибанците се одговорни за убиството на повеќе од 100 поранешни авганистански владини претставници.

Тој на својот профил на Твитер напиша дека „наводите на генералниот секретар на ОН дека сто членови на поранешната влада се убиени откако Исламскиот емират дојде на власт во Авганистан се невистинити“. По објавувањето на амнестијата, никој нема право никому да нанесува штета“, се вели во соопштението. Муџахид истакнаа дека „дури и ако таквите инциденти се случиле поради лична одмазда, властите спроведоа истрага и ги казнија сторителите“.

Во извештај на Обединетите нации објавен денеска се наведува дека талибанците и нивните сојузници убиле повеќе од 100 поранешни членови на авганистанската влада, безбедносни службеници и луѓе кои работеле со меѓународните сили.

Извештајот ги опишува сериозните ограничувања на човековите права од страна на новите фундаменталистички владетели на Авганистан. Покрај информациите за политички убиства, се наведува дека се нарушени и правата на жените и правото на протест.

„И покрај најавената општа амнестија за поранешните членови на владата, безбедносните сили и оние кои работеле со меѓународната војска, УНАМА продолжува да добива веродостојни наводи за убиства, киднапирања и други прекршувања против овие лица“, се вели во извештајот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Откако талибанците го презедоа Кабул на 15 август, мисијата на ОН во Авганистан доби повеќе од 100 извештаи за такви убиства, што ги смета за веродостојни.

Извештајот, исто така, ја опишува владината репресија на мирните протести, како и немањето пристап на жените и девојките до работа и образование.

„Цел комплексен социјален и економски систем е затворен“, се наведува во извештајот.

Авганистан е во состојба на хуманитарна катастрофа, влошена со преземањето на власта од страна на талибанците, што ги принуди западните држави да ја замрзнат меѓународната помош и пристапот до милијарди долари средст ва што се чуваат во странство.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан