Тајната на најбезбедниот аеродром на светот која сега сите сакаат да ја копираат

Од:

Јутарњи лист – Загреб

Ако ги прашате експертите по безбедност, кој е најбезбеден аеродром на светот, многумина без двоумење ќе одговорат Бен Гурион. Како главен меѓународен аеродром во Израел, се работи за голема цел на многубројни радикални групи. Можеби не изненадува фактот дека безбедносните служби на аеродромот доживуваат од 50 до 70 инциденти дневно, но и тоа како изненадува фактот дека за тие инциденти не се свесни ни патниците на аеродромот, ниту медиумите. Израелските експерти го усовршија системот кој пружа оптимални решенија за безбедноста и леснотијата на патувањата и сите потенцијални закани ги решаваат брзо и лесно, на места каде не можат да се загрозат добронамерните патници.

На Бен Гурион патниците не ги соблекуваат чевлите, не им се одзимаат шишенца со течност, не се вршат детални прегледи на багажот, патниците не мора да поминуваат низ масовни детектори, но последниот напад се случил пред 40 години, кога припадници на јапонската Црвена армија пристигнале од Рим, со машинки и бомби ги нападнале другите патници во просторот за пристигнувања. Ниту еден авион кој полетал од Бен Гурион никогаш не бил киднапиран ниту разнесен. Како успеваат да постигнат толкаво ниво на безбедност? Службениците на аеродромот Бен Гурион не бараат бомби и ножеви – тие бараат луѓе со лоши намери.

Додека во американските или европските аеродроми службеникот гледа во мониторот и бара сокриено оружје или експлозив, во Тел Авив ќе ве гледаат во очи и ќе ви поставуваат прашања кои ги дизајнирале психолози за да предизвикаат реакција кај терористите. Терористите по правило не се плашат од смрт, но се плашат да бидат уапсени. Тешко е да се носи бомба со себе и да се остане мирен, а испитувачите на Бен Гурион реагираат на знаци на нервоза. Сомнителните луѓе ги праќаат на следен степен на понтензивни интервјуа, каде подобро обучени експерти ги одделуваат потенцијално опасните од обичните луѓе кои се нервозни поради летот, доцнење или нешто трето.

Бен Гурион исто така се потпира на повеќекратни кругови на заштита – првата средба со персоналот на аеродромот се случува подалеку од еден километар од терминалот, каде во куќички се спроведува прво кусо интервју со патниците додека се уште се во возило. Поминуваат низ уште неколку кругови на заштита, додека на крај не стигнат до својот авион. Додека не ги поминат првите два круга, не се наоѓаат во близина на поголеми групи на луѓе – обратно од многу американски и европски аеродроми, каде сите патници стојат во масовни редици за безбедносен преглед, кои се идеални цели за бомбаши самоубијци.

Израелските безбедносни служби се потпираат и на квалитетни разузнавачки податоци – сите агенции имаат директна линија на комуникација со аеродромите и редовно ја освежуваат листата на барани и сомнителни лица. Агентите кои ги испитуваат патниците се наоѓаат и на чек-ин шалтерите на другите аеродроми од каде полетуваат Ел-Алови летови за Бен Гурион. Неколку пати до сега спречиле или фатиле потенцијални терористи кои ги поминале редовите за безбедносна проверка на други аеродроми.

Патниците кои не привлекуваат посебно внимание од испитувањето во куќичките пред аеродромот до својот терминал можат да дојдат за само 25 минути, што е многу кусо време, ретко видено во воздушниот сообраќај. Од друга страна, таквото ниво на безбедност бара броен и многу добро обучен персонал кој воедно е и многу скап.

Се работи за решение кое сигурно би ја зголемило цената на воздушниот сообраќај во Европа и многу би го успорило процесот за влегување на патниците во авионите. Додека низ Бен Гурион годишно поминуваат над 11 милиони патници, низ британскиот Хитроу поминуваат речиси шест пати повеќе. Било какво решение применливо на европските аеродроми би барало нивно значително прилагодување, преку посложен начин да се обработи ист број на патници, кои сега поминуваат преку нив.

Би можело да ве интересира

На четворицата уапсени за тероризам им е одреден 30-дневен притвор

Катерина Ѓуровски

Уапсен сопственикот на Телеграм

Француски суд осуди 12-годишно момче: Виновен е бидејќи го бранел тероризмот

(ВИДЕО) Спречен е терористички акт во Австрија, уапсен млад маж од Македонија

Горан Наумовски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Во Париз: Автомобил усмрти едно лице, двајца се тешко повредени

Горан Наумовски