Тајландска „ Пис ТВ ’’ побара интервенција на Бан Ки-мун за одбрана на слободата на информирање

Од:

Сопствениците и уредничкиот тим на телевизијата Пис ( мир ) денеска испратија писмо до Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун со кое бараат негова интервенција по повод одлуката на сегашната власт да ја забрани работата на оваа телевизија. „Мир ТВ ’’ со решение на коисијата за медиуми, формирана по државниот удар во мај минатата година, беше обвинета за пропаганда против сегашните власти и поддршка на поддржувачите на Пеу Таи, партијата на насилно сменетата тајландска премиерка Јинглук Шинаватра.

Во писмото се бара Бан Ки-мун да ги потсети сегашните тајландски власти дека имаат обврска да ги почитуваат универзалните права на слобода на информирањето.

Тајландските власти, а особено сегашниот преоден премиер. генералот Прајут Кан-ока не кријат дека ќе ја забранат работатата на медиумите кои, според нив, со информирањето ги девалвираат нивните потези за враќање на редот и мирот во државата.

Како прва реакција на ова писмо е одговорот од Владата дека ќе испрати писмо до Бан Ки-мун во кое ќе го замоли Генералниот секретар внимателно да го прочита писмото на „МирТВ’’ и да не верува во се што во него е напишано.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски