Тајланд започна 24-часовни операции за пронаоѓање и помош на бегалците од Мјанмар и Бангладеш

Од:

Тајландскиот премиер Прајут Кан-ока денеска изјави дека со бродови на цивилната и воената морнарица и со авиони од пред два дена се пребарува територијата на Андаман Морето, подрачје во кое се претпоставува дека се наоѓаат најголем дел од бродовите со бегалци од Мјанмар и Бангладеш. Бродовите се опремени и со резерви храна и лекови, како и медицински персонал кој треба да им пружи прва помош на бегалците за кои се знае дека се прегладнети, а голем дел од нив и болни.

Повод за овој проблем пред новинарите лично да се појави преодниот премиер е еден извештај на Си-ен-ен, според кој тајландските бродови ги напаѓале и малтретирале бродовите во кои имало бегалци од племето Рохингја. Премиерот Прајут изјави дека има видео материјали и фотографии кои ги демантираат тврдењата на американскиот медиум.

Бегалците од Мјанмар, според договорот постигнат на 20 мај, ќе бидат транспортирани во привремени бегалски логори во Индонезија и Малезија. Се проценува дека операциите за спасување на бегалците во Бенгалскиот залив ќе трае петнаесетина дена, а треба да бидат спасени над 7.000 лица кои со денови се наоѓаат на отворено море.

Би можело да ве интересира

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач

ВИДЕО: Русин скокна во смрт од храм на Тајланд