Тајланд ќе бара економска и политичка поддршка од Јапонија

Од:

Премиерот на Тајланд, Прајут Кан-ока в недела ќе отпатува за Токио, каде ќе има разговори со јапонскиот колега Шинзо Абе од кого ќе побара економска и политичка поддршка на неговиот воен режим.

По воениот удар во мај минатата година политичките и економските односи со Тајланд ги замрзнаа САД, Австралија и повеќето европски држави, а сегашните тајландски власти очекуваат недостигот на соработка со овие земји да се компензира со Кина и Јапонија.

Економската промоција на Тајланд во Токио ќе ги претстави можностите за извоз на тајландски производи, а повеќе се очекува од договорот за заголемување на јапонските инвестиции.

Во Тајланд има 670 компании во кои е инвестиран јапонски капитал, а премиерот Прајут и неговиот тим ќе преговараат за нови инвестиции во текстилната индустрија, преработка на каучук и изработка на накит од драгоцени камења и метали.

Јапонскиот економски тим кој ќе учествува во разговорите најави интерес за инвестиции во тајландската автомобилска индустрија.

Посебно поглавје на економските преговори меѓу Јапонија и Тајланд ќе биде јапонското учество за изградбата и осовременувањето на железничкиот сообраќај и поврзувањето на државите од Индокина со овој вид транспорт.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија