Тајфунот Вонгфонг ги погоди Маријанските Острови

Од:

Тајфунот Вонгфонг премина над американските Маријански Острови во Тихиот Океан, носејќи со себе силни ветрови и поројни дождови.

Во некои реони имало прекин на електричната енергија и незначителни поплави, но засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Бурата денеска во раните утрински часови го зафати Гуам и други острови во западниот дел на Тихиот Океан и неколку часа подоцна го напушти реонот.

И за малиот остров Рота нема информации за повредени лица или причинети посериозни штети.

Би можело да ве интересира

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани