Таен серум најверојатно ги спасил заболените од ебола

Од:

Три супер-тајни, експериментални епрувети кои биле чувани на температури под нулата, минатата недела со авион се префрлени во Либерија во последниот очајнички обид да се спасат американски мисионери заразени од вирусот ебола, судејќи според извор запознат со детали од лечењето, јави Си-Ен-Ен.

Доктор Кент Брентли на 22 јули се разбудил со температура. Плашејќи се од најлошото, веднаш се изолирал. Симптомите кај Ненси Врахтбол се појавиле по три дена. Брзиот тест на крвта на теренот потврдил инфекција кај двајцата откако почнале да покажуваат симптоми како треска, повраќање и дијареа.

Се верува дека овие мисионери се заразени од ебола од страна на друг медицински работник во нивната болница во Либерија, иако официјалните резултати на истрагата допрва треба да бидат објавени. Претставник на Националниот институт за здравство ја контактирал нивната организација во Либерија и понудил експериментален третман познат како „3Mapp“ за двајцата пациенти, судејќи според изворот.

Овој лек го развила биолошката компанија „Мап Биофармасеутикал“, а на пациентите им е кажано дека овој лек порано не бил испробан на луѓе, но дека покажал добри резултати на експерименти на мајмуни.

Судејќи според документите на компанијата, четири мајмуни инфицирани со ебола преживеале по применувањето на терапијата на нив во првите 24 часа по заразата. Два од четири дополнителни мајмуни кај кои терапијата била почната во тие 48 часа по инфекцијата исто така преживеале. Еден мајмун кој го примал лекот пцовисал по пет дена од изложеноста на ебола.

Брентли и Врајтболт биле свесни од ризикот по земањето на новиот, непознат третман, но се согласиле. Мајмуните лекот го примиле во текот на 48 часа од инфекцијата. Брентли лекот го примил по 9 дена.

Лекот е добиен така што глувци биле изложени на фрагменти на вирусот на ебола, а потоа антителата кои ги развиле глувците биле земени за да се создаде лек кој функционира така што спречува вирусот да влезе и да зарази нови клетки.

Епруветите на овој лек стигнале во болницата во Либерија каде биле сместени мисионерите, а на лекарите им било кажано да дозволат тие да се стоплат по природен пат без дополнително загревање. Се очекувало дека ќе треба да поминат 10 часа пред „3Mapp“ да им биде достапен на пациентите.

Брентли барал Врајтбол прва да го добие лекот затоа што тој бил помлад и очекувал дека ќе има подобра шанса за борба и таа се согласила. Меѓутоа, додека се подготвувала првата епрувета, неговата состојба се влошила. Состојбата толку му се влошила што им рекол на докторите дека умира.

Знаејќи дека неговата доза се уште е замрзната, ги прашал докторите дали може да ја добие првата доза. Таа му била донесена, а за само еден час по примањето на лекот неговата состојба драстично се подобрила.

Еден од неговите лекари целата ситуација ја опишал како чудо. Брентли веќе идното утро бил во состојба самиот да се истушира пред да го евакуираат во САД со посебен авион. Врајтболт исто така го примила лекот. Нејзината реакција не била толку брза, но по примањето на втората доза нејзината состојба драстично се поправила.

И било доволно добро да може да биде евакуирана. „ЗMapp“ не е одобрен за употреба на луѓе и се уште не е влезен ни во фаза на клиничко тестирање, што е стандард за докажување за безбедност и ефикасност на некој лек.

Процесот со кој овој лек бил овозможен за овие двајца пациенти е исклучително необичен и најверојатно е направен по достапен пат за употреба од сочувство од страна на Комисијата за храна и лекови на САД. Оваа употреба дозволува пристап на експериментални лекови надвор од клиничките тестирања.

Добивањето на одобрение за ваква употреба е исклучително комплицирано и во прашање е долготраен процес, но во овој случај, заразените добиле пристап на третманот за само 10 дена по заразата од вирусот ебола.

Си-Ен-Ен – Атланта

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски