Таен план: Американците сакале со нуклеарка да ја разнесат Месечината

Од:

Американците во текот на „Студената војна“ биле подготвени да направат се, само на Русите да им покажат кој е газда меѓу супер силите. Постоел план со детонирање на атомска бомба на Месечината да се заплашат Русите.

Експлозијата на Месечината, Американците мислеле дека ќе биде јасна порака за Русите, што и колку можат САД да направат. Нивниот план од 50 те години на минатиот век и тоа како бил вистински и бил именуван како
‘Project A119’.

За среќа по човештвото, овој план никогаш не бил спроведен. Нуклерната експлозија на Месечината би покренала огромно количество на плин и прашина од површината, а со оглед дека нема атмосфера, прашање е каде би завршила сета таа прашина.

Но тоа не била причината за укинување на планот, иако последиците тогаш ги предвидувал астрономот Карл Саган. На крајот, планот бил укинат поради стравот од можноста ракетата со нуклеарна глава да откаже и да не се случи трагедија на Земјата, наместо демонстрација на моќ на Месечината. Дополнително, Американците стравувале дека после експлозијата, Месечината би била извор на радиоактивно зрачење.

Дека експлозијата на Месечината можеби би ги заплашила Русите, мислел и физичарот Леонард Реифел и тоа го изјавил во интервјуто за агенцијата АП уште во 2000. година.

Војската на САД за сето ова се нема никогаш огласено.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата