Горниот дом на таџикистанскиот парламент едногласно прифати нацрт-закон „За основоположникот на мирот и согласноста – Лидерот на нацијата“.
Претсетдаелот на Националното собрание Махмадсаид Убајдулоев изјави дека „Таџикистан нема човек кој повеќе го сака народот и Татковината од претседателот Емомали Рахмон“.
Според сенаторот Мухамадјусуф Имомзода, ректор на Таџикистанскиот универзитет, одлуката актуелниот претседател да биде прогласен за „Лидер на нацијата“ ја „одразува народната љубов кон тој славен син“ на нацијата и нема ништо заедничко со авторитаризмот и култот кон личноста.
Долнит дом на парламентот веќе го поддржа нацрт-законот поднесен од група пратеници на 9 декември.
Законот предвидува да му биде доделен орден и државна награда, му гарантира имунитет од судски процеси штом ќе ја напушти функцијата, куќа, социјални бенифиции, транспорт….Ќе го запази и правото да се обраќа до нацијата, ќе биде формиран архив, библиотека и музеј на Рахмон.
Шеесет и тригодишниот Емомали Рахмон на власт во Таџикистан е од 1992 година по победи во 4 претседателски изборни циклуси. Мандатот му истекува во 2020 година.