Полицијата во Таџикистан им ги избричи минатата година брадите на над 12.800 мажи, бидејќи им биле премногу долги.
– Властите исто така затворија над 160 објекти за продажба на традиционална муслиманска облека, изјави началникот на полицијата во Хатлонската област, Бахром Шарифзод.
Секуларната власт во Таџикистан одамна се обидува да го спречи навлегувањето на радикалниот ислам од соседен Авганистан.
Во септември минатата година таџикистанскиот Врховен суд ја забрани единствената регистрирана исламска политичка партија во земјата – Партија за исламско обновување на Таџикистан, откако Владата ја обвини за радикален исламизам по неколку месеци насилство.