Таџикистан повторно го ограничи пристапот до „ЈуТјуб“

Од:

Таџикистан повторно го ограничи пристапот до интернет страницата за споделување видео содржини „ЈуТјуб“, соопшти вчера во Душанбе претседателот на таџикистанското здружение на интернет провајдери Асомидин Атоев.

– Најмалку четири интернет провајдери го ограничија пристапот до „ЈуТјуб“, изјави Атоев.

Ова е четврта забрана на страницата во Таџикистан од јули 2012 година.

ЈуТјуб во 2012 година не беше активен три месеци, откако владините сили почнаа акција против криминална група во Корогу. Една година подоцна пристапот беше ограничен откако се појави понижувачки видео запис со претседателот Емомали Рахмон.

Годинава властите на повеќе пати од технички причини го блокираа пристапот до „ЈуТјуб“ и „Фејсбук“ и неколку други интернет страници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Земјотресот од Таџикистан се почувствува и во Кина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Силен земјотрес утрово го погоди Таџикистан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Претседателот на Таџикистан му одржа лекција на Путин: Престанете да не третирате како уште да сме дел од СССР

Катерина Ѓуровски

Киргистан и Таџикистан договорија прекин на огнот

Ана Ололовска

Блинкен разговор со министрите за надворешни на земјите од Централна Азија

А1он

Примирје по престрелката на киргистанско-таџикистанската граница во која се ранети 11 војници од Киргистан, а убиени двајца цивили од Таџикистан

Ана Ололовска