Таџикистан ќе спроведе референдум на 22 мај за промени во Уставот, со кои ќе му се дозволи на актуелниот претседател Емомали Рахмон да биде на функцијата неограничено.
Тоа ќе значи и дека неговиот син ќе може да се кандидира за изборите во 2020 година.
Таџикистанскиот Парламент ја објави денеска одлуката за референдум, откако доби одобрение од Уставниот суд.
Во Парламентот мнозинство имаат сојузниците на Рахмон кој е на власт од 1994 година.