Тачер би освоила повеќе гласови на парламентарни избори од Камерон

Од:

Поранешната британска премиерка Маргарет Тачер, доколку би била жива и би се појавила на парламентарни избори, како лидер на Конзервативната партија, би освоила повеќе гласови и би добила поголема поддршка од гласачите од актуелниот премиер и ториевски лидер Дејвид Камерон.

Истражувањето што го направи лондонската агенција ИЦМ покажува дека во една таква ситуација, Тачер би добила 40 отсто од гласовите на Британците, додека Камерон не ќе може да смета на поддршка поголема од 32 отсто од домашните гласачи.

Анкетата што е направена по смртта на Тачер, која почина минатиот понеделник на 87-годишна возраст, откри дека во Камерон не се гледа ниту како на политички наследник на некогашната „Челична леди“. Само 16 отсто од Британците верува дека сегашниот премиер е вистински наследник на Тачер, што е само еден отсто повеќе од второпласираниот Тони Блер, лабуристички лидер и премиер кој десет години беше во Даунининг стрит 10, откако во 1997 година го победи конзервативецот Џон Мејџор.

Британските гласачи се незадоволни од досегашната работа на Камерон кој управува со Владата од мај, 2010 година. Дури 49 отсто од учесниците во анкетата на ИЦМ смета тој не работи добро, додека 39 отсто позитвно го оценуваат неговиот досегашен учинок.

Доколку сега би се одржале парламентарни избори, Камерон би претрепе пораз. Неговата Конзервативна партија би освоила 32, опозиционите лабуристи би победиле со 38 отсто од гласовите. Сегашниот коалиционен партнер во Владата, либералдемократите би освоиле 15, а антиевропската и тврдо евроскептична Британска партија на независноста (УКИП) би добила девет отсто од гласовите на Британците.

Маргарет Тачер беше премиер 11 години, а 15 години лидер на ториевците, од 1979, до 1990 година. Беше приморана да се повлече од Даунинг стрит 10, по партискиот пуч што го извршија нејзините најблиски министри и партиски функционери. За  премиер беше избран Мејџор кој потоа седум години управуваше со британската Влада. Камерон е лидер на Конзервативците од декември 2005 година, а на чело на коалиционата Влада е безмалку три години.

Следните парламентарни избори треба да се одржат до мај 2015 година.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он