Табаре Васкез победи на претседателските избори во Уругвај

Од:

Поранешниот шеф на уругвајската држава, Табаре Васкез победи во вториот круг од претседателските избори, покажуваат официјалните резултати објавени од изборната комисија.

По преброените 97,6 проценти од гласачките ливчиња, Васкез, кој е кандидат на владејачката коалиција „Широк фронт-Напредна средба“, освоил 53,5 отсто од гласовите, а неговиот против-кандидат Луис Лакале Поу од Националната партија ја добил поддршката на 41,3 проценти од гласачите.

Поу го призна поразот и му честита на Васкез за победата, посакувајќи му успех.

Победата на поранешниот претседател била очекувана и тој ќе се врати на власт по петгодишна пауза.

Неговото управување со земјата од 2005 до 2010 година го одбележаа социјални програми за поддршка на бизнисот, кои помогнаа за стабилен економски раст и намалување на сиромаштијата.

Би можело да ве интересира

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

Поради сушата во Уругвај, милиони граѓани останаа без вода за пиење

Црногорците кои беа уапсени во Уругвај со 489 килограми кокаин добија притвор до 120 дена

Горан Наумовски

Црногорци во Уругвај се притворени поради шверц на кокаин

Уругвај: Уапсени четири лица по заплена на 6 тони кокаин

Ана Ололовска

Втор круг претседателски избори во Уругвај