СЗО: Се забрзува ширењето на вирусот на ебола

Од:

Вирусот на ебола во земјите од западна Африка продолжува да се шири си забрзано темпо и речиси 40 отсто од сите случаи на заразени се регистирани во изминатите три недели, се наведува во денеска објавениот извештај на Светската здравствена организацијан (СЗО).

Според извештајот на СЗО, смртноста меѓу заболените во најпогодените земји – Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, е меѓу 60 и 70 отсто.

СЗО нагласува дека досега се регистрирани 4.985 лица заболени од ебола, од кои 2.461 лице починале.

Главниот координатор на Обединетите нации во борбата против епидемијата на ебола, Дејвид Набаро изјави денеска дека за справувањето со болеста во Африка се потребни една милијада долари, односно десет пати повеќе од проценката дадена минатиот месец.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски