Генералниот секретар на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус, денеска ја нагласи важноста за подготовка за, како што рече, „болест Х“, изразувајќи надеж дека земјите ќе постигнат договор за пандемијата до мај оваа година со цел да се се справи со овој „заеднички непријател“.
„Договорот за пандемијата може да ги обедини сите искуства со сите предизвици со кои се соочивме, како и сите решенија“, рече Гебрејесус на Светскиот економски форум во Давос, пренесе Анадолија.
Тој рече дека „болест Х“, непозната болест, првпат се користела како термин во 2018 година.