СЗО: Околу 200.000 вакцини против еболата до средината на 2015 година

Од:

Светската здравствена органзиација објави планови за забрзано разработување експериментални вакцини против ебола и соопшти дека стотици илјади дози од нив треба да бидат подготвени за употреба во Западна Африка до средината на 2015 година.

СЗО потврди дека две од преложените вакцини веќе се на ниво на испитување на луѓе, и во процес на изработка се уште пет чии клинички тестови ќе почнат следната година.

– Пред крајот на првата половина од 2015 година, ќе имаме подготвени неколку стотици илјади дози. Можеби ќе бидат околу 200.000, рече заменикот генерален директор на СЗО, Мари Пол Киени по средба во Женева со шефови на компании и здравствени експерти како и претставници на регулаторни органи и донатори.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски