СЗО одобри користење на непризнати лекувања во борбата против еболата

Од:

Експертскиот комитет за прашањата на медицинската етика на Светската здравствена организација во справувањето со вирусот на хеморагичната треска ебола, одобри примена медицински тертмани што не ги минале клиничките испитувања, јави ИТАР-ТАСС.

– Имајќи ги предвид околностите на епидемијата и со почитување на некои неопходни услови, комитетот консензуално заклучи дека етички непризнатите лекувања, чија ефикасност и нуспојави се уште не се познати, да се предлагаат како потенцијални или превантивни методи, се наведува во соопштението на СЗО.

Комитетот како неопходни услови при користење на овие непризнати третмани ги наведе „апсолутната транспарентност на текот на лекувањето, согласност, слободата на изборот, доверливоста, почитувањето на болните, зачувување на достоинството и учество на локланите заедници“.

Експертите се повикуваат на „моралната обврска да се собираат и споделуваат податоците за безбедноста и ефикасноста на овие интервенции“, кои треба да се предмет на постојано проценување за нивната употреба во иднина.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски