Светската здравствена ораганизација (СЗО) денеска соопшти дека бројот на жртвите од ебола досега се искачил на 2.917 луѓе.
Според податоците на СЗО, во петте западноафриканси земји во кои досега е регистритана еболата има вкупно 6.263 заболени лица.
СЗО во своето соопштение наведува дека на Либерија и недостигаат 1.550 болнички кревети за болните, додека во областа Фасанкони во Гвинеја локалното население поставило блокади на патот со цел да спречи доаѓање на лекарските тимови кои се ангажирани за справување со еболата.