Бројот на починати од еболате се доближува до 4.500 лица од приближно 9.000 потврдени случаи, соопшти денеска Светската здравствена организација.
– До 12 октомври од заразната болест починале 4.493 луѓе, а заразени се 8.997 лица, се посочиува во соопштението на СЗО.
СЗО предупредува и дека се влошува ситуацијата во трите африкански држави – Либерија,Гвинеја и Сиера Леоне.