СЗО издаде упатства за новиот вирус

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика здравствените работници од целиот свет да го пријавите профилот на секој пациент со акутна респираторна инфекција кој можеби патувал во Саудиска Арабија и Катар и бил изложен на новиот вирус сличен на САРС, кој досега е потврден кај две лица.

Со новиот вирус е инфициран 49-годишен државјанин на Катар кој неодамна патувал во Саудиска Арабија, каде што речиси истовремено еден човек почина од вирусот. Болниот е во критична состојба во болница во Велика Британија. СЗО соопшти дека нема нови случаи на акутен респираторен синдром со откажување на бубрезите, но дека истрагата продолжува.

Во насоките дадени од СЗО на своите членови се наведува дека здравствените работници треба да обрнат внимание на секој пациент со акутен респираторен синдром, кој може да вклучува температура над 38 степени и кашлица, бара хоспитализирање, кој боравел во регионот каде што вирусот е идентификуван или бил во контакт со сомнителни или потврдени случаи во последните 10 дена.

Вирусотот, познат како коронавирус, доаѓа од исто семејство како САРС, кој се појави во Кина во 2002 година. Со САРС се инфицираа 8.000 луѓе во светот, а 800 починаа пред вирусот да биде ставен под контрола. Засега не утврдено како се пренесува вирусот, јавува Хина.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти