СЗО: Еболата се шири низ западна Африка

Од:

Епидемијата на еболата и натаму географски се шири низ Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Заменик генералниот директор на СЗО, Брус Ејлвард, изјави дека од ова заболување досега починале 4.447, а се заразени 8.914 лица, прогнозирајќи дека до крајот на неделата бројката на заразени може да надмине 9.000.

– И покрај тоа што во некои од најсилно зафатените региони има знаци на забавување на темпото на ширење на заразата, болеста сега зафаќа повеќе области отколку пред еден месец, рече тој пред во седиштето на СЗО во Женева.

Во некои региони се забележува слабеење на болеста, но тоа не значи дека таа е на пат да исчезне, предупреди Ејлвард.

– Избразно ќе биде забавувањето во некои регони да го сметаме за успех, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски