СЗО: Бројот на инфицирани со коронавирусот не расте драстично надвор од Кина

Од:

Високиот претставник на Светска здравствена организација (СЗО) Мајк Рајан денеска изјави дека нема драстично зголемување на бројот на заболени лица од новиот коронавирус надвор од границите на Кина, освен патниците на крузерот, што сега е во карантин во близина на пристаништето Јокохама.

Освен во случајот на крузерот „Дајмонд принцес“ нема драматично зголемување на преносот надвор од Кина, посочи Рајан.

На крузерот „Дајмонд принцес“ пријавени се уште 44 случаи, со што вкупниот број на инфицирани лица се искачи на 219.

Рајан наведе дека се очекува останатиот дел од мисијата под водство на “СЗО” да пристигне во Кина за време на претстојниот викенд и да им се придружи на претходницата која веќе е во Пекинг за да помогне во истрагата за заразата.

Тој одби да прецизира дали експерти од Американскиот центар за контрола на болестите “ЦДЦ” ќе бидат дел од мисијата.

Но, можам да ве уверам дека тимот е составен од врвни научници од целиот свет и од сите релевантни земји, кои можат да придонесат за овие напори, посочи Рајан.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон планирал напад на холандската фабрика за вакцини против корона

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски