СЗО бара контрола на патниците поради еболата

Од:

Властите во земјите, во кои владее епидемија на ебола треба да ги контролираат луѓето кои патуваат на меѓународните аеродроми, на пристаништата и на главните гранични премини и да не дозволат да отпатуваат доколу имаат какви било знаци на овој смртноносен вирус, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

СЗО нагласи дека ризикот некој да се инфицира со ебола во продавницa или во авион се мали и оти нема потреба од рестрикции при патувањата.

– Од земјите во кои владее епидемијата бараме да ги проверуваат сите лица на меѓународните аеродроми, на пристаништата и на главните гранични премини за да се утврди дали имаат симптоми, кои би укажувале на можност да се заразени со ебола, наведе СЗО.

– На секоја личност со симптоми слични на ебола не треба да и се дозволи да патува доколку не станува збор за соодветна медицинска евакуација, се додава во соопштението.

Агенцијата на ЕУ за контрола на границите (Фронтекс) соопшти дека денеска ги стопирала авионските летови со кои имигрантите се враќаат од Нигерија, една од западноафриканските земји во кои владее епидемијата на ебола.

– Одлучивме на неопределно време да ги стопираме таквите летови за Нигерија, кои ние ги координираме и кофинансираме, изјави портпаролката на Фронтекс, Ева Монкур.

Во најголемата епидемија на ебола од појавата на овој вирус во 1976 година во изминатите пет месеци во западна Африка починаа 1.145 лица. Според податоците на СЗО во Либерија од ебола починале 413, во Гвинеја 380, во Сиера Леоне 348 и во Нигерија четири лица.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски