Светските лидери усогласија финален документ од конференцијата за Либија

Од:

Светските лидери постигнаа договор за текстот на финалниот документ од конференцијата во Либија, што се одржува во Берлин, јавија светските агенции повикувајќи се на свои извори.

„Текстот е договорен“, изјавил еден дипломат, но не открил повеќе детали.

Според нацрт-документот во кој имале увид некои агенции, процесот на решавање на кризата во Либија ќе биде поделен на шест дела: прекин на огнот, ембарго за вооружување, политички процес, реформа на безбедносниот сектор, економска и финансиска реформа, почитување на меѓународното хуманитарно право и човекови права.

Во нацртот исто така се повикува на немешање во вооружениот конфликт во Либија и се бара од Советот за безбедност на ОН да воведе санкции за земјите што го кршат ембаргото за оружје.

Според агенциите, по усвојувањето на текстот, ќе биде формиран посебен Меѓународен комитет за мониторинг кој ќе го надгледува спроведувањето на одлуките од самитот во Берлин.

Во тек е прес-конференција на учесниците на самитот за Либија.

Германската канцеларка Ангела Меркел ги покани лидерите на 12 земји, како и Обединетите нации, Европската унија, Африканската унија и Арапската лига на самит во германскиот главен град.

Би можело да ве интересира

Спречен е напад на израелската амбасада во Берлин, уапсен е Либиец

Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“: Путин фрли бомба врз Берлин