Светските католички лидери повикаа за ефикасна борба против климатските промени

Од:

Католичките лидери од целиот свет упатија заеднички апел до претстојната конференција на Обединетите нации за климатски промени со барање да се усвои „праведна, правно обврзувачка и вистински трансформирачка спогодба“, која ќе ги одреди границите на глобалните температури и целите на ограничување на емисијата на штетни гасови.

Католичките кардинали и епископи од целиот свет  го потпишаа овој апел во Ватикан.

Тие изјавија дека климатските промени треба да бидат поврзани со социјалната неправда и социјалното маргинализирање на најсиромашните и најранливите категории на граѓани.

Документот, кој содржи десет точки е заснован на папска енциклика од јуни, во која папата Франциско побара итно да се преземат мерки за спасување на планетата од глобалното затоплување.

Конференцијата за климата на ОН ќе се одржи во Париз од 30 ноември до 11 декември.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он