Светски протест и самит во ОН за запирање на климатските промени

Од:

Милиони луѓе протестираа за заштита на природната околина и отфрлање на јаглеводородните ресурси, се оддржаа синоќа во многу американски градови, масовен митинги маше во Њујорк, но и во повеќе светски метрополи, додека пак во понеделник е закажан самит во ОН против глобалното затоплување.

Како што јави дописникот на МИА од САД, во Вашингон учество на таканаречениот глобален штрајк за заштита на природната средина земаа над 7 илјади ученици од основно и средно училиште. Со транспаренти и пораки за стоп на загадувањето на околината, тие прошетаа од паркот Џон Маршал до Капитол хил.

Во Њујорк ученици и студенти од над 1.700 школи создадоа колона од десетици илјади, невиден досега марш за спас на планетата Земја – со што се дава важна порака на дојдените светски политичари главната дебата на 74. сесија на Генералната асамблеја на ОН која се оддржува во вторник.

Им се придружија ученици и борци против климатските промени од сите поголеми градови како Портланд, Сан Франциско, Сиетл, Лос Ангелес, Чикаго и Филаделфија. Протести против климатските промени вчера имаше и во Лондон, Берлин и Бон во Германија, како и во Сиднеј. Протести против загаденаноста на воздуот имаше и во Банког, Њу Делхи, во Кабул, Авганистан и во Нигерија.

Главниот светски настан ќе биде во ОН во понеделник, на самитот свикан од генералниот секретар Антонио Гутереш кој во својот говор предвидено е да ги потврди четирите клучни барања: забрана за нови изградби на термо-електрични станици на јаглен до 2020 година, и целосно запирање на употреба на фосилни горива до 2050 година. Тој ќе повика и на креирање продлабочени планови за акција по климатски прашања во 2020 година и стоп за субвенционирање на фосилни видови горива.

Денеска пак, околу 500 светски младински активисти, предводени од Грета Тунберг, го започнуваат првиот Младински климатски клуб со седиште во ОН, потврдувајќи ја растечката моќ на движењето кое во изминатите месеци го популаризираше терминот „вонредна климатска ситуација“.

Оваа фраза ја искорити и Гутереш, кога го свика главниот самит, затоа што водечките земји-загадувачи се заостануваат со исполнување на обврските за намалување на емисиите на јаглероден диоксид предвидени во Парискиот климатски договор од 2015 година.

Земјите потписнички на договорот се обврзуваат намалување на просечните темперетури на воздуот до два степена Целзиусови, да се достигне нивото на температурата на воздухот на планетата пред првата индустриска револуција во 19 век.

За да се достигне овој резултат, потребно е целосно оттргање од зависноста со јаглеводородни ресурси и фосилни горива до 2050 година, а испуштањето на СО2 треба да почне да се намалува од идната година.

Сепак, разултатите засега не ветуваат на успех.

Испуштањето на СО2 достигна рекордно ниво во 2018 година. Јули 2019 година стана еден од најжешките месеци во историјата, а последните четири години се регистрирани како најжешки во сиот период од кога постои мерење на температурата.

Според НАСА, површината на двете поларните капи во 2019 година се намалиле на рекордно ниво. Засега, 60 земји потписнички на договорот имаат намера да ги исполнат обврските, но помеѓу нив ги нема главните загадувачи, земјите од Г-20, кои произведуваат 80 отсто од целокупните емисии на СО2 во воздухот.

Со доаѓањето на Доналд Трамп на функцијата претседател на САД, Вашингтон истапи од Парискиот договор и на самитот во понеделеник САД учествуваат како набљудувач.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

A1on

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска