Денеска е Светски ден на детето и по тој повод децата ширум светот ќе се појават во медиумите, политиката, бизнисот, спортот и забавата, за да укажат на најголемите проблеми со кои се соочуваат, соопшти Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).
На денешен ден се одбележува годишница од Конвенцијата за правата на детето, потсетува УНИЦЕФ и укажува дека сите деца имаат права кои произлегуваат од оваа Конвенција без оглед на тоа кои се, каде живеат, што им работат родителите, дали се сиромашни или богати, на кој јазик зборуваат, на која религија или култура и припаѓаат, дали имаат некоја попреченост или инвалидитет.