САД планираат да назначат амбасадор за Арктикот, поради зголемената руска воена активност во тој регион, јавува денеска Би-би-си.
„Патувачкиот амбасадор ќе биде назначен за подобрување на американската политика во поларниот регион на северот на планетата – најави првиот заменик портпарол на Стејт департментот, Ведант Пател.
Новиот амбасадор ќе работи со седум други арктички држави – Канада, Данска, Финска, Исланд, Норвешка, Шведска и Русија – како и со домородните групи и други сопственици на земјиште, додаде Пател.
Тој рече дека мирот и стабилноста во регионот се од суштинско стратешко значење за Америка и приоритет за американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој наскоро ќе го именува амбасадорот, а потоа таа одлука треба да ја одобри Сенатот.
Со воведувањето на амбасадорот за Арктикот, ќе биде сменет досегашниот американски координатор за Арктикот, дипломатот Џим Дехарт.
Генералниот секретар Јенс Столтенберг вчера предупреди на заканите од Русија во северните поларни региони и изрази загриженост дека Кина може да дојде на Арктикот.