Сузан Рајс можен избор на Бајден за државен секретар на САД

Од:

Поранешниот американски претседател Барак Обама лобира за неговата поранешна советничка за национална безбедност Сузан Рајс за функцијата државен секретар, јави Фокс њуз, повикувајќи се на извори.

Демократската партија првично ја сметаше Рајс за можен потпретседател. Таа беше вклучена во списокот на потенцијални кандидати за таа функција, заедно со Камала Харис, која на крајот се кандидираше со Бајден.

Според медиумот, мнозинството демократи веќе ја одобриле кандидатурата на Рајс за функцијата шеф на Стејт департментот, но штабот на веројатниот американски лидер продолжува да разгледува и други опции за назначувања.

Според изворите, поранешниот државен потсекретар Тони Блинкен и Вилијам Барнс, како и сенаторот од Конектикат, Крис Марфи, исто така се натпреваруваат за тимот на Бајден.

Сузан Рајс ги претставува САД во ОН – 2008-2013 година. Во 2013 година, Обама ја назначи за советник за национална безбедност.

Би можело да ве интересира

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Бајден на историски најниско ниво со поддршка од 38,7 отсто

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија